февруари 5, 2021

РАБОТИЛНИЦИ ЗА ЗАШТИТА И САМОШАТИТА ВО СЛУЧАЈ НА КАТАСТРОФИ

Во период од една недела, во Велес се реализираа три работилници за заштита и самозаштита во случај на катастрофи. Што треба да превземат лицата кои се дел од некоја катастрофа, кои се начините на оденесување, ризиците, превземените мерки за полесно да се преброди криза од секаков тип, поплава, пожар, земјотрес и слично. Сетоа ова беше дел од on line работилниците кои ги одржа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес преку волонтерот Снежана Каракачанова.

Работилниците се одржаа во ООУ „Свети Кирил и Методиј“, во Подрачното училиште во село Црквино и со клубот на млади при Општинската организација во Велес. на работилниците учествуваа 54 присутни, најголем дел лица од наставниот кадар на училиштата, стручните служби и волонтери од училишните клубови на Црвен крст. Трите активности се одржаа преку платформата MIcrosoft teams.

< врати се назад