август 5, 2020
РАСПРЕДЕЛЕНИ 85 ПАКЕТИ СО СРЕДСТВА ЗА ХИГИЕНА
Завршена е поделбата на 85 пакети со средства за хиегиена, донација од УНИЦЕФ во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес. Волонтерите ги поделија последните 12 пакети во велешкото село Горно Оризари. Претходно 58 се поделија во Велес, а 15 во Градско.
При распределбата најмногу се опфатија семејства што живеат во социјален ризик, кои ги издвои на список, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Велес.
Вкупно со оваа хуманитарна помош опфатени се 370 лица. Од нив 193 се деца кои живеат во овие семејства.