
ноември 9, 2026
РЕКОРДНИ 201 ДАРУВАЊА НА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
Крводарителите од Велес и денеска ја докажаа нивната хуманост. На традиционалната крводарителска акција по повод Денот на Општина Велес даруваа рекордни 201 крвна единица и за една го надминаа рекордот од минатата година.
11 дарители даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Акцијата заеднички ја реализираа Општина Велес, Мото клубот Носачи на крстот, Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Огромна благодарност до сите крводарители, до осуммината волонтери од Клубот на млади и до Театар Џинот во чии простории се одржа акцијата















































