ноември 18, 2020

СЕТ СО СЛИКОВНИЦИ – ПОДАРОК ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Како дел од големата донаторска акција, волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес вршат поделба на 736 комплети со сликовници наменети за децата на возраст помеѓу три и седум години. Сетовите со сликовници се испечатени на македонски, албански, турски, ромски и бошњачки јазик. Во зависност од средината се делат на соодветниот јазик.

Комплатите со сликовници освен во Велес, веќе се поделија и во Градско, Чашка, Горно Јаболшиште, Врановци, Горно Оризари, Иванковци, Бузалково, Сливник, Кликовец, Богомила. При распределбата учествуваат повеќе волонтери, а помош имаме и од училиштата, месните заедници, основните организации на Црвен крст. Сликовниците се донација од Светска банка во соработка со Министерство за труд и социјала и Министерстовото за образование.

< врати се назад