јуни 30, 2021

СО ШИШЕ ВОДА И ФЛАЕР ВО БОРБА СО ТОПЛОТНИОТ БРАН

Продолжуваат активностите за справување со топлитниот бран. Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес секојдневно се на терен. Со едно возило се патролира по улиците на градот во период од 12:00 до 17:00. Граѓаните кои од различни причини се надвор од нивните домови добиваат шише со ладна вода и флаер на кој се објаснети сите начини за заштита од топлотен бран.

Само во деновите кога во земјата беше прогласена жолта или портокалова алертна фаза се поделија над 300 шишиња со вода и исто толку флаери. Во мобилните томови за заштита од непогода, толпотен бран, вклучени се шестмина волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад