
СВЕТСКИ ДЕН НА ПРВАТА ПОМОШ
По повод Светскиот ден на првата помош, оваа година посветен на темата „Прва помош и миграции“, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес организираше показна вежба посветена на првата помош.
Членовите на Клубот на млади при Општинската организација покажаа како се реагира во различни ситуации и практично демонстрираа срцево-белодробно оживување, проверка на состојбата на повредено лице и преврзување на рани.

Во рамки на активноста беа поделени и информативни флаери со корисни информации за материјалите кои треба да ги содржи кутијата за прва помош, како и основни постапки за укажување помош во различни ситуации.
Преку оваа активност се потсетивме колку е важно да ги знаеме основите на првата помош и да умееме правилно да реагираме кога некому му е потребна помош.
Во активноста учествуваа три волонтери од Клубот на млади.















































