август 25, 2026

ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН

Волонтерите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес повторно се на терен со превентивна активност за заштита од високите температури. 🌡️☀️

Членовите на Клубот на млади делеа флаширана вода и информативни материјали со препораки за заштита од топлотниот бран, потсетувајќи ги граѓаните на Велес на важноста од внимателно и превентивно однесување во периодот на високи температури.

  • Пијте доволно вода
  • Заштитете се од директно сонце
  • Избегнувајте излегување во најтоплиот дел од денот
  • Грижете се за себе и за најблиските

Црвениот крст продолжува со активности на терен во насока на информирање, превенција и заштита на населението.

< врати се назад