ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО ООУ БЛАЖЕ КОНЕСКИ
По повод патрониот празник на ООУ „Блаже Конески“ во ликовниот салон во Велес се одржа традиционалната крводарителска акција. Даруваа вработените во училиштето, родителите на учениците, но и останати граѓани кои сакаат да дадат поддршка и придонес за зачувување на јавното здравје.
Крводарителската акција помина одлично. Вкупно се даруваа 44 крвни единици со што е една од најуспешните досега. 29-мина од дарителите беа мажи, а останатите 15 жени. Петмина даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Како и секогаш освен Црвениот крст и во случајов ООУ „Блаже Конески“ во улога на организатор е Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. На крводарителската акција се применуваа сите протоколи и процедури за заштита од Корона вирусот.