август 14, 2020

ТРАДИЦИОНАЛНА ЛЕТНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Како што започна така и заврши – успешно. Вториот ден од традиционалната Летна крводарителска акција малку подобар од првиот. Крводарителите донираа 77 единници. Голем процент или 25 беа од женски пол, а мажи даруваа 52-ца. Првократни дарители се четворица.

Бројките покажуваат дека за два дена на 13 и 14 август на Летната крводарителска акција која се одржа во Ликовниот салон во Велес дарувале вкуно 141 дарител.

Акцијата заеднички ја реализраа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Народниот музеј кои го обезбедија просторот за дарување.

Во месец август крводарителите од Велес го натфрлија годишниот план за дарување поставен на 1861 крвна единица.   

< врати се назад