септември 25, 2019

ВЕЛЕШАНИ ДЕФИЛИРАА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ, СОЖИВОТ, ТОЛЕРАНЦИЈА, МИР

Со знамиња, пароли и пораки, речиси 200 учесници од Велес испратија силна и моќна порака за соживот, толеранција, вклучување и мир. На ПХВ Дефилето под мотото „Дефилирај  – не се фолирај“, учествуваа волнтерите од циклусот 2019-та на Програмата „Црвен крст  во акција – промоција на хуманите вредности“, членвите од Клубот на Млади на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес, преставници од основните и средните училишта, наставници, професори, родители.

Дефилето започна на кружниот тек кај Авона и се движеше по главната улица „Благој Ѓорев“ до платото пред Театар Џинот. Локалниот ПХВ дисемитаор Александра Здравевска од таму, заедно со останатите учесници, го апострофираа значњето на Програмата за промоција на хуманите вредности и осумте проекти кои се реализраа во 2019 година и со тоа им се помогна на семејства или лица кои имаат таква потреба.

< врати се назад