април 29, 2021

ВЕЛИГДЕНСКИ ШТАНД СО ПОДАРОЦИ И ДОНАЦИИ ОД ГРАЃАНИТЕ

Традиционално секоја година волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес со одредена активност го одбележува празникот Велигден. Оваа година тоа го направија на штанд на кој ги изненадија граѓаните со рачно изработени велигденски јајца. Велешани пак ни вратија со хуманост, дадоа донации кои ќе се искористат за помош на лица кои живеат во социјален ризик.

Поголем дел од велигденските јајца се изработија на заедничка работилница со Дневниот центар за лица со посебни потреби. На велигденскиот штанд освен јајцата како симбол за празникот, граѓаните добија топли оброци, мафини, вода и велигденски честитки со посвета. За реализација на оваа активност вклучени беа 10 волонтери од Клубот на млади.

На штандот се применуваа сите протоколи за безбедност и заштита на јавното здравје

< врати се назад