мај 17, 2023

ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Волонтери, врснички едукатори на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес на 16-ти мај одржаа едукација за „борба против трговија со луѓе“ за учениците од Средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес. За истата имаше голем интерес за присувство. Во големата сала на училиштето едукацијата ја проследија 53-ца ученици од прва, втора и трета година.

На предавањето се опфатија сите аспекти на трговијата со луѓе. Се објаснија фазите од регрутација, транспорт до експлоатација на жртвите, а се стави акцент и на препознавање на овие случаи за навремено да се спречат. Ова е втора едукација на темата „Борба против трговија со луѓе“. Двете ги одржаа лиценцирани врснички едукатори од Клубот на млади, Мартина Ѓорѓевиќ и Даниел Србов со асистенција на вработени од стручната служба.

< врати се назад