
ноември 12, 2026
ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ БОЛЕСТИТЕ НА ЗАВИСНОСТ
Ноември е месец посветен на борбата против зависностите, по тој повод во ООУ „Васил Главинов“ – Велес беше спроведена врсничка едукација со учениците од седмо одделение.
Целта на едукацијата беше учениците да се запознаат со последиците и штетните влијанија од употребата на цигари, алкохол и дрога, како и да се подигне нивната свест за важноста на здравите навики и донесувањето правилни одлуки.
Преку интерактивен пристап, учениците имаа можност да разговараат, да поставуваат прашања и да добијат корисни информации за ризиците од зависностите.
Едукацијата ја реализираше сертифициран врснички едукатор Сара Јовчевска од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес.















































