февруари 13, 2023

ЗАПОЧНАА ОБУКИТЕ ЗА ПРОГРАМАТА ЦКА – ПХВ 2023

Започна новиот циклус на Програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“. Во него се вклучени 30-мина учесници од основните и средните училишта во градот. На 13-ти феавруари се спроведе првата од предвидените три обуки на кои младите волонтери ќе научат како да изработат мал проект за доброто на заедницата и да направат промена во животот на одредена целна група.

По завршувањето на обуките тие ќе бидат поделени во шест групи и до мај ќе изработат шест мали проекти. Програмата „ЦКА – ПХВ“ се реализира над две децении. Втора година по ред во Општинската организација на Црвен крст од Велес одговорна е локалниот дисеминатор Ружица Костовска.

< врати се назад