
јули 31, 2026
ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН
Во услови на високи температури, волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес спроведоа превентивна активност за заштита на граѓаните од последиците од топлотниот бран.
Во рамки на активноста беа поделени шишиња со вода и информативни флаери со препораки за заштита од високите температури, со цел подигнување на јавната свест и поттикнување на превентивно однесување.
Да се грижиме за себе и за другите















































