ноември 11, 2025

ЗЕЛЕН ВОЛОНТЕРИЗАМ

Во рамките на пилот-програмата „Зелен волонтеризам“, волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес реализираа едукативна активност посветена на заштитата на животната средина.

Еко-едукацијата се одржа во ООУ „Панко Брашнаров“ и беше наменета за ученици од второ до петто одделение. Предавањето го одржаа едукаторите Матеја Матева и Кристина Костовска, кои на интересен и интерактивен начин им објаснија на учениците што значи селектирање и рециклирање на отпадот и како секој од нив може да придонесе за почиста и поздрава околина.

На крајот од активноста, како симбол на грижа за природата, учениците добија едно цвеќе кое ќе го одгледуваат заедно, поттикнувајќи ја нивната љубов и одговорност кон животната средина.

< врати се назад